ИСТОРИЈА

Ф.К. Македонија Ѓорче Петров, е еден од најстарите клубови во Македонија. Уште во почетокот на минатиот век, клубот е фудбалска гордост на Ѓорче Петров.
Kлубот е формиран во далечната 1932 година под името Х.А.С.К. (Ханриевски Аматерски Спортски Клуб).
Во својата долга историја неколку пати доаѓа до промена на името на клубот. Од Хаск, клубот го добива името Рудар, а подоцна е познат и како Локомотива и Индустријалец, за по неколку сезони повторно да го врати името Рудар.
Клубот професионално почнува да се натпреварува во 1970 година во Републичката лига на Македонија под името Југококта.
Во сезоната 1989/1990, клубот го менува своето име во Македонија Ѓорче Петров.
Во сезоната 1990/1991 Македонија Ѓ.П. се изборува за влез во Третата Југословенска лига.
Во Македонска Прва Фудбалска лига, Македонија Ѓ.П. се натпреварува од нејзиното формирање во 1992 година, по осамостојувањето на Република Македонија.
За првпат клубот настапува во Европа во 1998 година кога обезбеди пласман Интер-Тото Купот каде во првото коло е елиминирана Олимпија Љубљана од Словенија, а во второто коло клубот беше елиминиран по одмерувањето на силите со Бастија од Франција.

 

 
3 МФЛ-Север Група А-ТАБЕЛА
1.
Тиквеш
6
2.
Пелистер
6
3.
Скопје
4
4.
Дрита
4
5.
Миравци
4
6.
Еуромилк
4
7.
Ринија
4
8.
Влазрими
4
9.
Осогово
3
10.
Македонија ЃП
2
11.
Победа Јуниор
1
12.
Беласица
1
13.
Кораб
0
14.
Охрид Лоте
0
15.
Локомотива
0
16.
Руфеја
0
 
ЛИГА-Стрелци
Васко Божиновски
1
Бурим Гуцуфи
1
Филип Колеќески
1